Барбареев: Новиот концепт става акцент на мотивација при што учениците ќе ги сакаат предметите и училиштето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорот Кирил Барбареев во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека новиот концепт става акцент на мотивација при што учениците ќе ги сакаат предметите и училиштето.

„Станува збор за концепт на образование кадешто акцентот на наставата и учењето, каде што акцентот е на мотивацијата на учење на создавање на слика во којашто учениците ќе го засакаат учењето, сакаат да одат на училиште затоа концептот нуди прво одделение слободни изборни предмети, нешто коешто до сега било непретпознатливо во нашиот образовен систем и искрениот пристап којшто сега зависи од министерството со каква стратегија ќе пристапи во делот на операционализација на делот на подигањето на статусот на кариерниот и професионалниот развој на наставниците, на зголемување на бројот на часови на присутност во текот на образованието“, вели Барбареев.