Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека БЕГ мора да им испрати на граѓаните други сметки за парно и да ги повлече сметките со вртоглави цени за месец август, бидејќи како што рече, на БЕГ му е дадена дозвола за снабдување и дистрибуција на топлинска енергија.
-Регулаторната комисија вчера донесе одлука дека сите сметки мора да ги менува БЕГ, сега на сите граѓани им е познато дека БЕГ ги загуби лиценците за снабдување и вршење дистрибуција на топлинска енергија во рамките на град Скопје, имајќи ги предвид прелиминарните решенија од крајот на претходната година, но и решенијата што ги донесовме на почетокот на оваа година, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.
Бектеши дури и јасно стави до знаење на БЕГ дека мора да ги порамни сите обврски што ги има кон Електрани на Северна Македонија.
-БЕГ мора да ги отплати сите обврски што ги има кон ЕСМ, како што е предвидено во договорот што го потпишаа и во моментот кога ќе ги исплатат сите обврски, тогаш ќе се реализира целата помош што ја даваме преку БЕГ и ЕСМ за да не се зголемат сметките за топлинска енергија во град Скопје, вели Бектеши.
Вчера и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски побара од БЕГ да ги поништи сите сметки што ги испратила до корисниците за месец август со многу високи цени.
