Полкеа, но сигурно се вжештува дебатата за локалните избори кои ќе се одржат оваа година, особено во општините со кои раководи албанската опозиција.
Првиот човек на Гостивар, од редовите на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, е убеден дека ДУИ во Гостивар ќе биде уништена. Додава дека не знае со сигурност дали тој повторно ќе се кандидира за градоначалник, но сепак додава кој и да биде ќе ја победи ДУИ.
„Не знам точно, зависи од многу околности. Би сакал да не сум, бидејќи во Гостивар ДУИ е речиси уништена и може да биде победена без никаков проблем. На последните избори меѓу ДУИ и Алијанса имаше околу 4.000 гласа, 50% повеќе“, истакна Арбен Таравари.
Но, Крешник Бектеши од ДУИ, кој е актуелен министер за економија, во интервју за МИА, изјави дека неговата партија ќе има кандидати за градоначалник во сите општини со албанско мнозинско населени. Уубеден дека во 95% од нив ќе забележат победа.
„Во зависност од нивниот фидбек ќе ги креираме политиките. Ќе добиеме градоначалници во речиси сите општини со албанско мнозинство во скопскиот, но убеден сум и во полошкиот регион“, вели Крешник Бектеши.
Пред две недели во емисијата „Клик Плус“ дебатата од економија се префрли на темата политика. Елми Азири од АА, ја обвини ДУИ дека мандатот не го добиле, туку го земале. Бектеши со контра-одговор дека се победници во сите области со гласовите на Албанците. Иронично дури му порача на Азири дека ќе им попуштат во трката за градоначалник на Струга, доколку таму го кандидираат лидерот Зијадин Села.
