Министерот за економија Крешник Бектеши, апелираше до граѓаните на почитување на мерките, на гастрономскиот сектор спроведување на протоколите, и секако сите да се вакцинираат.
„Растот на бројот на инфицирани со КОВИД 19 во овој временски период е навистина загрижувачки, поради што би можеле да се вратиме во ситуација кога треба да се преземат РЕСТРИКТИВНИ мерки, коишто несомнено би биле штетни врз економијата на нашата земја.Затоа, апелирам до сите граѓани прво да се вакцинират и особено до гастрономскиот сектор, да ги спроведат протоколите во текот на нивната дејност, со цел заштита на нашето здравје, но и заштита на нашата економија.“, напиша Бектеши на „Фејсбук“.
