За еден месец ќе почне изградбата на фабриката „Е- го“ во Тетово, каде се предвидуваат да се отворат 900 нови работни места. Компанијата која произведува електронски автомобили ќе се изгради во ТИРЗ Тетово. Ова го најави во емисијата Клик Плус, министерот за економија, Крешник Бектеши.
„Е-Го е многу сериозна компанија, со седиште во Германија. Да почекаме бидејќи договорот е потпишан“.
Дали знаете кога ќе почне изградбата министре?
„Знам сигурно, информиран сум од Дирекцијата за слободни економски зони, нема да помине повеќе од еден месец и ќе почне да се гради, врз основа на Дирекцијата за слободни економски зони која се занимава со оваа проблематика“, вели Бектеши.
Објектот на овој капитален проект требаше да почне да се гради во октомври минатата година, а од поставувањето на камен-темелникот поминаа 6 месеци. Во ТИРЗ Тетово требаше да се спојат 4 парцели за да се обезбеди простор за проектот, бидејќи беше промовиран со вкупна инвестиција од 130 милиони евра. Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотоски рече дека имало проблем со парцелата на која е поставен камен-темелникот и дека сега решението е најдено во друга парцела и вети дека ќе изградбата ќе биде завршена во предвидениот датум, во 2024 година.
Според Деспотовски оваа инвестиција ќе ја зајакне перцепцијата за РСМ за идни уште посериозни инвестиции. Инаку, станува збор за германска компанија која се очекува да има производствен капацитет од 30.000 автомобили годишно. Проектот на оваа капитална инвестиција во август минатата година го најавија премиерот Ковачевски, претседателот на ДУИ Али Ахмети, неколкумина министри и инвеститорот Лазим Дестани.
