Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот тим ги следат „вонредните настани во Сирија“ и се во контакт со регионалните партнери, објави во саботата Белата куќа.
„Претседателот Бајден и неговиот тим внимателно ги следат вонредните настани во Сирија и се во постојан контакт со регионалните партнери“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Соопштението уследи по веста дека сирискиот претседател Башар ал Асад се качил во авион и го напуштил Дамаск на непозната дестинација, додека бунтовниците објавија дека влегле во главниот град без никаков знак за распоредување на армијата.
