Белгија ја совлада Романија, сега сите селекции имаат по три бода

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Натпреварот против Романија во Келн, по поразот од Словачка во првото коло, за Белгија беше се или ништо за останување во битката за осминафиналето на ЕВРО 2024, и Белгијците успеаја да стигнат до својата цел со триумф од 2-0.

Сето тоа ја прави групата Е крајно неизвесна со максимално израмнети четири екипи кои имаат по три бода по второто коло. И Белгија, и Романија, и Украина и Словачка по два натпревари се со по три бода.

А, Белгијците на дуелот во Келн, дојдоа до водство од 1-0 по само 70 секунди игра, со голот на Тилеманс, а на асистенција на Лукаку…

Во второто полувреме продолжи доминацијата на Белгијците, и покрај тоа што и Романците одиграа одличен фудбал но не успеаја да искористат неколку свои шанси за израмнување, пред се преку Рациу.

Па, откако не ги искористија своите можности, следеше казната на Де Брујне во 80. минута за 2-0.

Standings provided by Sofascore