Националниот кризен центар на Белгија ја започна кампањата „Подгответе се заедно“, која официјално ги поканува граѓаните да подготват комплет за итни случаи, кој содржи храна и вода за три дена, фенерче и радио на батерии за итни случаи.
Кампањата има за цел да ја зајакне отпорноста на општеството и да поттикне поголемо вклучување на граѓаните во реагирањето на кризни ситуации што можат да се случат „било каде и во кое било време“, според Националниот кризен центар, пренесува ВРТ.
„Свеста и подготвеноста на самите граѓани се клучни за најефикасниот одговор во вонредни ситуации. Секако нема потреба од паника, но секогаш е добро да се биде подготвен“, нагласи белгискиот министер за внатрешни работи, Бернар Кентин, во емисијата „Де Охтенд“ на Радио 1.
Тој додаде дека во Белгија недостасува „безбедносна култура“ .
„Мора да разбереме дека не живееме во истиот свет како пред 20 години. Го видовме тоа во Газа, во Украина, но важи и за природните катастрофи. И се надеваме дека ова никогаш нема да биде потребно“, рече тој.
Кризниот центар нагласува дека целта не е да се предизвика страв, туку да се подигне свеста.
