Белорусија казни навивач поради тоа што не стоел на интонирање на химната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Белоруски навивач е казнет поради тоа што не стоел на химната на градски стадион во градот Слоним.

Навивачот направил прекршок според член 24.54 од Законикот на Белорусија.

За време на интонирањето на химната, навивачот пред Судот признал дека станал од местото подоцна, поради тоа што гледал видео на својот мобилен телефон. Станал 15 секунди од почетокот на интонирањето на химната.

Судијата одлучи да го казни навивачот со 290 белоруски рубли.