Иднината на Жозе Мурињо продолжува да биде една од најжешките теми во европскиот фудбал. Португалскиот тренер потврди дека добил нова понуда за договор од Бенфика, но одлучил сè уште да не даде конечен одговор.
„Бенфика ми испрати нов предлог за договор во среда. Но јас реков: не сега“, изјави Мурињо, додавајќи дополнителна мистерија околу својата иднина.
Тој исто така најави дека наредните денови ќе бидат клучни за неговата тренерска кариера.
„Во недела ќе видиме. Следната недела е важна за мојата иднина“, истакна португалскиот стратег.
Изјавите на Мурињо дополнително ги зголемија шпекулациите за можен негов камбек во Реал Мадрид.
