Бени Шаќири кандидат за Скопје од ЛДП и ДОМ, носител на листата е познатиот микробиолог Никола Пановски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пејачот Бени Шаќири како кандидат за градоначалник на Скопје и познатиот микробиолог доктор Никола Пановски како носител на советничката листа се адутите со кои коалицијата Одлучно за промени на ЛДП и ДОМ ќе настапат на локалните избори за главниот град.

Шаќири на промоцијата изјави дека единствен мотив заради што се вклучил во трката за градоначалник на Скопје е тоа што не е

„Јас, како граѓанин на Град Скопје, сум лично изневерен. Така што, мислам дека треба да се обидеме сите заедно да направиме барем нешто што може да нè натера да успееме да го направиме овој град достоинствен за живот. Какви се денеска состојбите мене воопшто не ми се допаѓа и токму тоа е мојот мотив да се вклучам во овој процес, па макар и изгубил.“, рече Шаќири.

Доктор Пановски во своето претставување рече дека со нивната кандидатура најпрво очекува да се разбие црно-белиот свет на двете најголеми партии поради кое дојде до разединување на граѓаните.

„Се надевам дека ако победиме дека понатаму ќе ни се придружат и други, и младите, и ќе продолжите навистина понатаму да живееме во еден град како што го сакаме и во една држава како што ни доликува“, рече Пановски.

Коалицијата на ЛДП и ДОМ досега ги најавија кандидатите за градоначалници на Ѓорче Петров Љупчо Јаневски, на Кисела Вода Ѓулистана Марковска, на Гевгелија Виктор Петков, на Прилеп Славе Петрески и на Штип Ванчо Санев.