Берлински процес – Македонија и Бугарија во Скопје заеднички домаќини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден до друг, на заедничка маса, министрите за внатрешни работи на Северна Македонија и Бугарија го предводеа Состанокот на земјите вклучени во Берлинскиот процес. Ова е прв пат во историјата  на претседавање со  Берлинскиот процес  да има  заеднички да  претседаваат  земја членка на ЕУ и на партнер од регионот на Западен Балкан, потенцира нашиот министер за внатрешни .  Во релативно бурен политички период  во целиот регион на Западен Балкан утврдивме јасен правец   и патека по која сакаме  да се движиме, рече Спасовски.

„Тоа е повеќе од очигледно со оглед на сите реформски потфати- добрососедски политики, затворање на децениски отворените прашања кои во изминатиот период се реализираа во нашите земји“, рече Спасовски.

Илегалната миграција,организираниот криминал, трговијата со оружје и  дрога ,трговијата со луѓе  и борбата против корупцијата  се на врвот на агендите на институциите со кои раководиме додаде Спасовски. Од друга страна, бугарскиот министер за внатрешни работи Христо Терзијски посочи дека Западен Балкан и Европската унија имаат заедничко наследство и заедничка иднина.

„Еу и Западниот Балкан имаат заедничко наследство, и заедничка иднина тоа се нашите точки  за кои имаме вродено резултата  со заедничка соработка. Исправени сме пред заеднички предизвици за организираниот криминал,борбата против корупција и друго“, рече Терзијски.

 Во фокусот на Германија отсекогаш било зацврстувањето  на врската меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан,  нагласи државниот секретар во германското министерство за внатрешни работи. Берлинскиот процес е со цел изнаоѓање на конкретни мерки во борбата против корупцијата и справување со нелегалното финансирање потенцираше германскиот државен секретар за внатрешни Маерс.

Заедничкото претседавање со Берлинскиот процес ќе биде заокружен со Самитот во Софија  на 9 и 10 ноември каде ќе настапат шефовите на влади и министрите за надворешни работи. Берлинскиот процес во 2014 беше на иницијатива на Германската Канцеларка  Ангела Меркел со цел поттикнување на регионалната соработка  и европска интеграција на земјите од Западен Балкан.