Беса прослави на плоштадот во Тетово – Ахмети го призна поразот, АА обвини за купување гласови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По пребројувањето на повеќето гласови, Движење Беса како победник синоќа излезе да ја прослави победата на плоштадот во Тетово. По неколку минути дојде и лидерот на партијата, Биљал Касами кој им се заблагодари на сите гласачи и рече дека оваа победа им припаѓа на тетовци.

„Беса денеска победи во коалиција со тетовци и тетовци се победници во оваа трка. Тетовци ја заслужуваат мојата бескрајна посветеност до крај на мандатот и на Тетово му ветувам и му давам збор дека Биљал Касами ќе се залога за најдоброто за развиено Тетово кое го сакаме сите“, истакна Биљал Касами.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети беше првиот кој што излезе пред медиумите и го призна поразот во Тетово.

„Посакувам демократијата да продолжи да напредува, да инвестираме уште повеќе во изборниот процес како што правевме досега, изборите да бидат одраз на една држава. И покрај тоа што овие избори беа неволни, законот мораше да се почитува поради недостатокот на искуство на актуелните раководители на општината, изборите за совет на општина Тетово мораше да се организираат иако неучеството е многу големо. и во погрешно време, но ова е демократија и ние ја почитувавме“, вели Али Ахмети.

Орхан Муртезани рече дека Алтернатива за прв пат сама учествува на изборите како партија и успеала да добие мандат и овој мандат според него ќе биде клучот за општината.

„Би сакал да им ја честитам победата на оние кои добиле најголем број гласови и на советниците со добивање на најголем број од гласовите, тука сакам да му честитам и на идниот советник на Алтернатива Фатон Селам како следен претставник во Советот на општина Тетово и му посакувам добра работа и достоинствено претставување. Што се однесува до  Алтернатива, сакам да истакнам дека тоа ни беше прво самостојно појавување како партија, задоволни сме од овој резултат“, посочи Орхан Муртезани.

Алијансата за Албанците во Тетово не доби советници, а носителот на листата Абдула Османи рече дека резултатот не е задоволителен за нив.

„Резултатот не е задоволувачки за нас. Резултат кој не беше според нашите очекувања. На овие избори се соочивме со апсолутна власт од сите партии, ние бевме единствена опозициска партија, моравме да се соочиме со битката за  договорите за вработувања, кои од ден на ден се зголемуваа, со уцени и закани, кои од ден на ден се зголемуваат. против нашите активисти, а купувањето гласови не може да биде исклучено од овој процес“, додаде Абдула Османи.

ДПА освои еден советник, додека листата Подобро за Тетово“ не освои ниту еден.