Array

Беса ризикува да ја изгуби парламентарната група

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Движењето Беса ризикува да ја изгуби парламентарната група, по поделбата која настана во партијата. Пратеникот Фадиљ Зендели, признава дека пратениците од оваа партија се поделиле  и дека е свесен за ризикот што ја демне парламентарната група.

„Практично и јавноста е запознаена дека имавме проблеми, односно внатрешни проблеми кои се манифестираа во функционирањето на парламентарната група, односно политиката на Движењето Беса и стратешката ориентација. Ние сме опозициска партија и двајца пратеници, јас и Теута Биљали се определивме околу оваа ситуација. Имаме тројца колеги кои функционираа одделно од партиската структура на Беса и останува да се произнесат дали се дел од парламентарната група на Движењето Беса“, вели Зендели.

Од крилото на Гаши пак, велат дека ќе изнајдат решение по реконструкцијата на Владата.

„Претседателот Африм Гаши е координатор на парламентарната група на Движење Беса и во овој правец не е важно што велат другите. По реконструкцијата на Владата ќе изнајдеме решение и за парламентарната група“, порачаа од БЕСА на Африм Гаши.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, им даде ултиматум на пратениците на Беса за да се ориентираат – дали ќе бидат дел од Владата или пак ќе функционираат како опозиција. Џафери вели дека ова прашање ќе се реши на 1-ви јуни, кога и се очекува реконструкција на Владата.

„В петок, изборот на членовите на Владата ќе подразбира и позиционирање на двете Беси. Од петок па натаму, нема да може да функционира како парламентарна група, а од друга страна да има противречности во парламентарната група. Ќе треба да го дефинираат нивниот статус. Јас сум во контакт со сите пратеници, но пред сѐ, тие самите треба да го изнесат нивниот статус пред мене како што налага Правилникот“, порача Џафери.

 Инаку, Движењето Беса во јануари годинава се подели на две фракции – едната е крилото на Биљал Касами и другата е онаа на Африм Гаши. Иако, Беса на Гаши има тројца пратеници, сепак Судот за легитимна ја прогласи Беса на Касами со двајца пратеници.

Зимер Јашари