Бесими: Пандемијата со Ковид-19 доведе до најголема економска криза што се случила од Големата депресија наваму

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Погледнете ги фотографиите од првиот снежен натпревар во сезоната на ХНЛ

СЛАВЕН БЕЛУПО оствари голема победа (0: 1) на гостувањето кај Горица во преостанатиот натпревар од 11. коло....

СЗО: На светот му се потребни повеќе вакцини против коронавирус

Мајк Рајан, водечки експерт за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), го поздрави одобрението на Велика...

Загреб зафатен од снежни врнежи (видео)

Хрватска е завеана, а снег има и во други балкански земји.  Загреб е затрупан...

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спомениците на хероите, Шилегов и Заев ќе завршат во срамниот дел од историјата на Македонија

По изјавата на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во која посочи дека неговиот став кон дислоцирање...

Милошоски: Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук сподели вести од вечерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ.

Пандемијата со Ковид-19 доведе до најголема економска криза што се случила од Големата депресија наваму, предвидливоста е тешка, но среднорочната проекција е неопходна и клучна за дефинирање на моделот на побрз економски раст базиран на иновации, човечки капитал и дигитализација, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими, на завршната средба во рамки на редовната мисија на Меѓународниот монетарен фонд.

Од Министерството за финансии соопштија дека на завршна средба биле презентирани заклучните согледувања во однос на макроекономските и фискалните проекции за наредниот период.

Министерот за финансии изрази цврсто уверување дека преземените и планираните политики и мерки ќе доведат до забрзување на економскиот раст во наредниот петгодишен период и ќе го зголемат потенцијалот на раст во домашната економија преку инвестиции во инфраструктура, енергетика, животна средина како и во човечки капитал и дигитализација.

– Политиките коишто ќе ја поддржат домашната побарувачка, како и инвестициите, конкурентноста и извозната активност ќе продолжат и во 2021 година со цел побрзо опоравување на домашната економија и создавање основа за забрзан економски раст на долг рок. Планираната фискална консолидација, редизајнирањето на буџетската политика и Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст (SmartER Growth) се цврста основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, достигнување на нивото на економијата од преткризниот период во втората половина на 2022 година и обезбедување побрза динамика на економски раст потоа, потенцираше Бесими.

Тој потенцираше дека согласно индикативните проекции, економскиот раст во 2025 година се очекува да стигне 5,9 проценти, а во периодот од 2026 до 2030 година се предвидува стабилизирање на просечната стапка на економски раст на 5,75 отсто годишно.