Бесими: Раст на штедењето во услови на пандемија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Министерот Филипче: нема забрана за снимање, новинарите треба да продолжат непречено со својата работа

Инцидентите со спречувањето на новинарите во кругот на „8-ми Септември“ се истражуваат, а одлука за забрана на...

Бизнисменот Фијат Цаноски сведочеше на рочиштето за „ТНТ”

Бизнисменот Фијат Цаноски, како оштетен во случајот „ТНТ”, денеска во Кривичниот суд даде исказ како сведок предложен...

КСС: Недела ден за одмор и 50 отсто поголема дневница за оние што ќе работат, се друго ќе биде дискриминирање и селектрирање

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија – КСС смета дека во однос на прашањето недела да се...

Милошоски: Да не се чудите зошто Османи, Димитров и Заев не доаѓаат во Собрание, тие се навикнати на тајни преговори кои потоа ќе ги...

Антонијо Милошоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешното своеобраќање на протестот кој се одржа пред МНР...

Фајзер поднесе барање за авторизација на вакцината во ЕУ

Фармацевтската компанија Фајзер/БиоНТех соопшти дека денес поднела барање до Европската агенција за лекови (ЕМА) за авторизација на...

Со раст на штедењето во услови на пандемија годинава е одбележан Светскиот ден на штедењето, а во организација на Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување на депозити.

– Денот на штедењето оваа година го одбележуваме во специфични услови. Се бориме со последиците од непознат вирус и тоа не само на здравствен туку и на економски план. Се бориме за секој живот, но и за опстанок на секој деловен субјект, на секое работно место. Сепак, и во вакви услови го одбележуваме Денот на штедењето и тоа со постигнувања што се за почит, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Во време на здравствено-економска криза, вкупните депозити бележат годишен раст од 6,1 процент.

– Заклучно со септември, вкупните депозити на граѓаните бележат годишен раст од 6,1%, додека вкупните депозити на компаниите бележат годишен раст од 8%. Ова е добар сигнал дека довербата во банкарскиот систем е на завидно ниво, потенцира министерот за финансии, Фатмир Бесими, и додаде дека штедењето во денари е повисоко од девизното штедење, при што учеството на денарските депозити во вкупните депозити, заклучно со 30 септември, изнесува 52,3%.

Позитивното движење кај штедењето е проследено и со раст на кредитирањето. Кредитирањето на граѓаните и фирмите бележи годишен пораст од 7,3%. Притоа, кредитирањето на населението бележи раст од 9,5%, а на корпоративниот сектор од 5,2%.

– Во услови на здравствена криза придружена со економска криза, сигурноста и стабилноста на банкарскиот сектор како доминантен сегмент на финансискиот пазар кој има клучна улога во поддршка на економијата, е главен приоритет од областа на финансиите на Владата, нагласи министерот. 

Тој информира дека во моментов тимови на Министерството и Народната банка работат на неколку закони во насока на дополнително зајакнување на сигурноста и стабилноста на банкарскиот сектор.

.