Бесими: Сивата економија ќе ја намалиме преку зголемување на опортунитетниот трошок за работење во сивата зона

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид 19 – починати се 6 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи...

Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се искачи на 82

Индонезиските спасувачи извлекоа повеќе тела од урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес денес, а бројот на...

Руски брод потона кај Турција: Двајца загинаа, 5 спасени морнари! (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа спасени, а две загинаа откако 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската...

Хорор во Карпош: Ја заклучувал малолетната ќерка – МВР упадна во станот

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен...

Тешка кражба во скопски трговски центар – МВР приведе две лица

На 16.01.2021 во 14.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода две малолетни лица...

Сивата економија, која изнесува околу 37% од брутодомашниот производ, може да се сузбие само преку мерки кои ќе придонесат ризикот од дејствувањето во рамки на сивата зона да биде поголем од приносот од истото, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на дебатата за буџетот 2021 на МТВ, на која учествува и премиерот Зоран Заев и економски експерти.

-Тоа што сакаме да го постигнеме, со економски речник се вика да се зголеми опортунитетниот трошок на сивата економија, односно народски – значи ризикот за сива економија да биде поголем од приносот од сивата економија. Со мерките ќе се намали приносот, бидејќи во формалната економија поедноставни да се работи. Со зајакнување на контролите ќе се створи светс дека може многу повеќе да загуби, отколку да добие – вели Бесими.

Како мерки за сузбивање на сивата економија Бесими ги наведе дигитализацијата, понатаму мерки кои ќе ја зајакнат даночна свест и ќе ги мотивираат даночните обврзници да ја извршат својата обврска, воведување на субјектите во формалната економија, но и зајакнатите контроли.