Без Барди против Германија – Ристовски: Фудбалот е интересен, повторно може да ги изненади Германците

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Фудбалот е интересен бидејќи носи големи изненадувања, затоа Македонија може повторно да ја изненади Германија. Капитенот на црвено-жолтите, Стефан Ристовски вели дека  гигантска екипа како Германија не ти остава многу простор за грешки, но тој е оптимист дека и утре Македонија може да извади позитивен резултат.

На првиот натпревар во Дујсбург ги победивме Германците со 2-1, но сега во Скопје го немаме Пандев кој се пензионираше, но ниту Барди поради повреда. Тренерот Милевски вели дека сите кои ќе ги заменуваат се максимално подготвени.

Македонија во моментов е на второ место на табелата во групата 1. Натпреварот Северна Македонија –Германија ќе се одигра утре на стадионот Тодор Проески во Скопје, со почеток во 20.45.