Ќе нема навивачи на скопскиот аеродром на дочекот на фудбалерите по историскиот успех и пласманот на Европско првенство. Полицијата ги враќа уште при самиот влез, поради тоа што не дозволува групирање во зградата на аеродромот поради пандемијата на коронавирусот.
Единствено допуштен влез им беше само на новинарските екипи и на владина делегација која ќе ги дочека играчите со авионот од Тбилиси, кој треба да слета во Скопје во 02:15 часот.
Неколку фанови се обратија до нашата редакција каде што реагираа на тоа дека не им е допуштен влез до аеродромската зграда каде што сакаа да им искажат поддршка за направениот успех.
Сепак, фановите може да го следат дочекот на нашите социјални мрежи и на нашата интернет страница.
