Владини функционери отидоа во Долно Количани, општина Студеничани, за да видат до каде се работите за водоводот.
Вицепремиер, пратеници и директори излегоа пред жителите на сред село, заради инспекција на работите. Но освен тоа, жителите и со други маки.
-Од Драчево наваму дојдовте по патот?
„Ние секој ден имаме проблеми со тој пат, секој ден или правиме сообраќајки, или судар, зошто, затоа што треба да се прошири за 20цм, сега имаме сообраќајка, може ли да се стори нешто за ова?“, вели жител.
Артан Груби: Со Државни Патишта.
Артан Груби: Ќе провериме.
Во сето ова не беше виден актуелниот градоначалник на Студеничани, Азем Садики.
За ова го прашавме вицепремиерот Артан Груби кој тврди дека го поканиле актуелниот градоначалник.
„Кој го контактирал, бидејќи рековте дека сте го контактирале?“, посочи Артан Груби.
Го контактираа сите, тие што се претставници на компанијата но и г. Фехмик Јонузи и другите.
Но градоначалникот на Студеничани вели дека поканата за овој настан ја добил синоќа во 22 часот.
„Проектот за водоводот го води општината. Сега мене политички претставник на ДУИ, претседател на огранок, не знам што е Фехми Јонузи, тој во 10 навечер ме известува, вели имате покана, ќе почнат работите. Кој треба да ги почне работите, смешно е“, вели Азем Садики.
Селото Количани одамна има проблеми со водата за пиење. Реализацијата на овој проект од инфраструктурата стана возможна преку пренасочување на средствата од ТАВ програмата од Владата на РСМ и ребалансот на буџетот за 2021.
