Во редакцијата на ТВ21 пристигнаа поплаки дека денеска во болницата за акушерство и гинекологија во Чаир имало прекин на парното.
ТВ21 ја посети специјализираната болница за акушерство и гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир, вработените во разговорот потврдија дека имало прекин, но велат дека е саниран.
ТВ21 контактираше и со директорката Пранвера Изаири, но до моментот на објавување на веста не добивме одговор.