Без потреба и беа отстранети органите по пораѓањето – адвокатот: Никој не го зема предметот, бегаат како од ѓавол

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се одложи рочиштето за Јилдиз Веапоска, родилката од Дебар на која и беа отстранети органите откако се породи во болницата во Струга. Само што почна, рочиштето заврши бидејќи не присуствуваше лекарот Драги Давески, кој вршеше вештачењето на сите органи.

За 5 судски рочишта од јануари годинава сменети се двајца судии, кои се пензионираа. Се очекува следната седница да ја одржи друг судија, а поради тоа Веапоска изгубила надеж за правда.

Адвокатот Сашо Јанев, вели дека никој не сака да го земе предметот. Според него сите бегаат од предметот, како ѓаволот од крстот, но и на тоа ќе  дојде крајот.

Веапоска со насолзени очи вели дека не знае кога ќе има правда.

Следното рочиште за овој предмет ќе се одржи пред нов судија и според законот постапката треба да се почне од почеток. Во овој случај обвинети се лекарот Мухамед Асани, второобвинет е неговиот син Блертон Асани како доктор специјалист по гинекологија и третообвинета е лекарката Лилјана Јованоска од Струга.