Околу 180 медиумски работници, уредници, новинари, претставници на медиумите, се собраа во Тирана да дебатираа за состојбата во медиумите, во земјите од Западен Балкан, Меѓу нив како дел од најкредибилните прусутна е и ТВ21.
Во фокусот се лажните вести, пред се оние кои доаѓаат од Русија поврзани за руската агресија врз Украина. Самите претставници на Европската комисија присутни тука во Тирана се согласни дека битката на традиционалните медиуми, односно оние што се професионални и се трудат да пласираат професионален производ, контент е тешка во однос на оние кои што шират лажни вести. Иста состојбата е во целиот регион, Западен Балкан, па секако и во Северна Македонија каде што појавата на лажни вести и дезинформации се зголеми откако нашата држава влезе во НАТО.
Битката треба да ја водиме ние самите, новинарите и медиумите, меѓутоа од Ек порачуваат дека во таа битка нема да бидеме сами. Тие се тука да помогнат, но во првата линија во борбата против лажните вести треба да бидат медиуми.
Работата на медиумите се следи будно од страна на ЕК. Слободата на медумите е еден од главните лементи на оние кластери кои што нашата држава како аспирант за членство и земја која што го почна скрининго при отворањето на кластеите ќе биде мониторирано и ова поле. Претставниците на ЕК порачуваат дека слободата на медиумите е многу важна за демократијата. Како што велат, без слободни медиуми нема демократија.
„Можеби ште слушнале за еден од елементите на преговорите, секако се фундаменталните права. Многу важен дел од тие фундаментални права е слободата на медиумите. Тоа е многу важно за нашата демокатија. Демократијата не е можна без слободни медиуми“, порача Кристине Хохман.
„Многу важен елемент од извештајот за напредокот, елемент од фамозниот Кластер 1, кластерот за фундаменталните права, областа каде што мора да се препознае, и извештајот јасно препознава, во целиот регион, за жал има ограничен напредок“, вели Микела Матуела.
Самитот во Тирана се одржува два дена, а учествуваат 180 претставници од медиумски здруженија, телевизии, веб портали, истражувачки лаборатории, со претставници на ЕК каде што дебатираат како да се победи борбата со лажните вести и дезинформации. Од Тирана за ТВ21, Един Растодер.
