Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население! Полошкиот регион е на врвот, Скопскиот на последно место

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија е над европскиот просек според процентот на работоспособното население. Во земјава 59,5 отсто од населението е работоспособно, односно на возраст од 20 до 64 години, додека во Европската Унија оваа категорија сочинува 58,3 отсто од населението, покажуваат податоците на Евростат.

Од осумте плански региони во Македонија, највисок процент на работоспособно население има Полошкиот регион, со 61,6 отсто, додека најнизок е уделот во Скопскиот регион, со 58,3 отсто.

Во Европската Унија, највисок процент на работоспособно население има во 22 региони во Германија, со 63 отсто, како и во неколку региони во Данска и во островските региони на Шпанија.

Од друга страна, во 189 региони во ЕУ, работоспособното население сочинува помалку од 55 отсто од вкупното население.

Овие региони главно се рурални и го опфаќаат внатрешниот дел на Португалија, големи рурални области во Франција, најголемиот дел од Источна Германија, како и рурални подрачја во Бугарија, Грција и нордиските земји.