„Без здравствен систем, загрозено е здравјето“ – Доколку не добијат плата, во среда лекарите на протест

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доколку утре не им биде пуштена јануарската плата, здравствените работници од Клиничкиот центар “Мајка Тереза“ соопштија дека во среда ќе излезат на протест. Оваа настаната ситуација со блокирање на системот на ФЗО дали се одразува на здравјето на граѓаните? Потпретседателот на Синдикатот на Клиничкиот центар “Мајка Тереза“, Сефедин Алиу смета дека без плата, лекарите го немаат истиот мотив за работа.

„Секако дека да, услугите ги даваат здравствените работници, а кога тие работници немаат за леб… сето ова секако дека негативно влијае и во секојдневните услуги, страдаат пациентите, на нас ни е жал“, вели Сафедин Алиу.

Економоско – социјалната состојба во здравство е многу тешка вели потпретседателот на Синдикатот. Лекарите се соочува со проблеми при пишување на терапиите и одредување на термин за хируршки интервенции, но сепак се обидуваат да ја вршат нивната задача бидејќи пациентите се тие кои плаќаат здравствено осигурување, додава Алиу.

„Никогаш во историјата на Македонија, ниту во нашата околина која.. бевме со неколку колеги и разговараме и отворено една медицинска сестра ни рече дека ќе ја земе метлата, уедначување на иглата и метлата никогаш не се случило и ние сме овде. Нето платата на медицинска сестра со средно образование е 18 300 денари. Како и да е кога и таа плата доцни а сите ние живееме од плата, и како пред некое време ние бевме херои нели…?“, вели Сафедин Алиу

Пред само три дена и независниот медицински синдикат изрази револтот за доцнењето на платите преку протест пред ФЗО, каде најавија и генерален штрајк.

Фондот и здравствените институции не се грижат за лекарите. Ниту еден од синдикатите не успеал да стапи во контакт со директорите на Фондот, иако, како што велат, неколкупати побарале средба. Поминаа две недели откако беше нападнат електронскиот систем на оваа институција, а директорите се уште не излегоа да зборуваат за медиумите.