Родители со деца до 3-годишна возраст, како и бремени жени ќе имаат обезбедено слободни бесплатни паркинг места низ градот Скопје. Ова е овозможено со проектот „Безбедни семејни зони“ со што се праќа силна порака за подигнување на свеста и културата во сообраќајот. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека покрај во Скопје, вакви безбедни зони ќе се обезбедат и во другите градови низ земјава. Македонија е прва земја на Балканот која реализира ваков проект.
„Сите заедно да работиме на подобрување на безбедноста на сообраќајот, подигнувањето на јавната свест и подигнувањето на културата на возење, односно управување со моторни возила во државата. Посебно е значајно што овој проект е насочен кон заштита токму на оние групи кои што се најмногу ранливи а тоа се децата кои што учествуваат во сообраќајот и жените бремени кои што исто така учествуваат во сообраќајот и преку реализација на овој проект се праќа една силна порака за заштита токму на овие категории на бремените жени и на децата до 3-годишна возраст. Проект кој што овозможува дефинирање на безбедни семејни паркинг зони.“, рече Спасовски.
