Веднаш штом пристигнаа ги дезинфицираа рацете, а потоа се поздравија со полицајците кои ги пречекаа. За да се увери дека сѐ тече како што треба, техничкиот премиер Спасовски поразговара со еден полициски службеник.
Филипче и Спасовски ги пофалија полицајците и лекарите за кои рекоа дека совршено ја вршат својата работа.
ГРАЃАНИ КОИ ВЛЕГУВАА ВО МАКЕДОНИЈА:
-Не, никој ништо не нѐ праша, само од каде доаѓаме и каде одиме.
-Коронавирусот дојде до нас, па избега, рече дека уште ние му треба.
-Кажете ми, дали тука на граница полицајците ве прашаа нешто?
-Не, ништо посебно.
-Не, никој ништо не нѐ праша. Јас не се плашам.
-Не, ниту едно прашање. Само документите и толку.
Но, сепак техничкиот премиер уверува дека сите патници се интервјуираат.
Во лабораторија во Германија се направени контролни тестови на резултати за коронавирусот направени во нашата земја. Венко Филипче рече дека анализите на Институтот за јавно здравје соодветствуваат со оние на Германија, што значи дека во нашата земја се прават точни анализи.
На границата Табановце, од каде влегла заразената пациентка со коронавирус, сѐ уште не е забележан друг сомнителен случај од контролните власти.
-Ова е просторијата за изолација на ГП „Табановце“, во која се спроведуваат патници за кои има сомнежи за симптоми на коронавирусот-рече репортерот на ТВ21 од терен.
За една недела 250 патници од Италија со автобуси преминале на ГП „Табановце“, а 70 со сопствен превоз, информираше техничкиот премиер Спасовски. Сите биле контролирани, а во моментов нема случаи кои треба да се изолираат или хоспитализираат.
Филипче рече дека порачката за дополнување на залихите е во процедура. Средствата за дезинфекција ќе бидат испорачани и низ училишта. Пациентката која се наоѓа на Инфективна клиника е во стабилна здравствена состојба и нема температура. Нема пациенти кои се тестираат, а нема ниту други лица заразени со Ковид 19, информираат од Министерството за здравство.
