Бежоска: Направивме промени со кои ќе се олеснат финансиските услови на граѓаните и компаниите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гувернерката на Народната банка д-р Анита Бежоска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека направиле промени со кои ќе се олеснат финансиските услови на граѓаните и компаниите.

„Ние очекуваме да дојде до олеснување на финансиските услови на граѓаните и на корпоративниот сектор“, посочи гувернерката.

Таа додаде дека тие се и супервизор на банките, а доколку граѓаните имаат проблеми со банките можат слободно да им се обратат.

„Се работи пресметување на редовна камата, а некои банки нудат можност тие камати да не се плаќаат сега туку кога ќе започне отплатата на главницата. Не се работи за пресметка камата на камата, но доколку има такви случаи слободно граѓаните можат да се обратат за да направиме подетална проверка и консултација со банките“, порача Бежоска.