Би-Би-Си: Ако изгуби, Трамп би можел повторно да се кандидира во 2024 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доналд Трамп би можел да се врати во политиката ако загуби од Џо Бајден во претседателската трка во 2020 година, објави Би-Би-Си.Неговиот поранешен советник и директор за комуникации, Брајан Ланза за Би-Би-Си изјави дека „Трамп може да се кандидира за нови избори, во 2024 година, ако ги загуби овие“.

Трамп тогаш би имал 77 години, но прашање е дали Републиканците ќе го дозволат тоа.Слично мислење има и Стив Банон, поранешниот главен стратег на Трамп, кој ја напушти Белата куќа во 2017 година.– Ако ги изгуби изборите, сè уште нема да го видите крајот на Трамп. Мислам дека тој ќе победи, но Бајден ќе биде прогласен за победник. Трамп ќе најави дека ќе се кандидира повторно во 2024 година, изјави Банон.