Би-Би-Си: Трамп му понудил „пријателски превоз“ на Ким Џонг-ун од Ханој до дома

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Хуавеи повеќе не е главен во Кина – еве која компанија сега продава најмногу модели

Oppo ја презеде лидерската позиција од Huawei и стана најпродаваниот бренд на смартфони во Кина за првпат во историјата. Во...

Од каде потекнуваат несаканите мејлови? – Еве од каде ви пишува „братучедот од Германија“ или „нигерскиот принц“

Сите знаеме што е спам - тоа e несакана е-пошта која ја добиваме во нашето сандаче (или „Trash“), без...

Откриена планина полна со злато во Конго – граѓаните веднаш се упатиле кон неа со лопати

Властите во Демократска Република Конго забранија експлоатација на злато во провинцијата Јужен Киву, откако на социјалните мрежи се прошири...

Британска компанија флашира чист воздух – цената е вистинска „ситница“

Компанија од Велика Британија започна полемика на социјалните мрежи благодарение на продажбата на стаклени шишиња полнети со „најсвежиот крајбрежен...

Како се врши селекцијата и кој може да работи контролор на лет?

Се вели дека воздушниот сообраќај е најбезбеден, но дали знаете како се врши селекцијата и кој може да работи...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп му предложил на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се врати во Пјонгјанг од самитот во Ханој во 2019 година со американскиот претседателски авион.

Како што се наведува во документарецот на Би-Би-Си „Трамп го зазема светот“, понудата на поранешниот американски претседател, доколку Ким прифател, ќе била „изненадување дури и за најискусните дипломати“. Ким пристигнал во Ханој по повеќедневно патување со воз низ Кина, а Трамп потоа рекол: „Може да те однесам дома за два часа, ако сакаш“.

Доколку севернокорејскиот лидер ја прифател понудата, неговото присуство и, многу веројатно, постапките на неговата придружба во авионот на американскиот претседател, но во воздушниот простор на Северна Кореја, ќе покренеа многу безбедносни проблеми.

Трамп и Ким се сретнаа двапати – првпат на историскиот самит во јуни 2018 година во Сингапур. Сепак, преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја не напредуваа и, дури се во застој од следниот неуспешен самит во февруари 2019 година во Ханој.

Севернокорејските државни медиуми, инаку, не ја коментираа инаугурацијата на новиот американски претседател Џозеф Бајден.