Бибер: Јанша и Орбан мислат дека може да ја променат Европа, но нивната визија е опасна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорот Флоријан Бибер е еден од соговорниците вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме на теми од надворешната политика, а неизбежно прашање за Бибер беше и околу наводниот нон-пејпер на Јанша.

Бибер кажа дека не знае кој го напишал тој нон-пејпер, но дека тоа е погледот на светот на Јанша и на Орбан, за кој, додаде дека преставува многу опасна визија.

„Орбан и Јанша сакаат да присвојат еден поинаков тип на лидерство во Европа. Орбан има кажано многу јасно дека има визија за Европа која би се базирала на нации држави, на агресивни анти-исламски гледишта, а и нон-пејперот беше исто така многу анти-муслимански настроен. Идејата за муслиманска мини држава, идеите за дали Бошњаците треба да гласаат, дали ја поддржуваат Турција или Западот се идеи кои дури ни во деведесетите, најлошиот период од војната во Босна не видоа многу светлина и беа третирани од западните медиуми. Ова е многу исламофобичен свет, ова е светот на Виктор Орбан, свет кој е авторитарен и клептократски и се базира на етнички нации држави кои активно се борат против имагинарни закани кон целиот свет. Ова е поглед на светот на Јанша, на Орбан, практично тие мислат дека може да ја променат Европа. Тоа е нивната улога, тие сакаат да ја променат Европа рефлектирајќи го нивниот поглед на светот и ова е многу опасна визија“, рече Бибер.