Професорот Мерсел Биљали вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме на актуелни теми, како и малку историја, односно се навраќаме на 30 години од самостојноста на Македонија.
Биљали смета дека во минатото се живеело многу подбро, и дека во оваа средина во 70тите и 80тите години имало стандард како Германија, а сега сме далеку од нив.
„Можеби без власт оваа средина ќе функционираше многу подобро отколку со власт. Тоа го велам затоа што дел од нашата генерација која ја минавме во екс Ју, се сеќавам дека во 70титте и 80тите години бевме со стандард со Германија. Бугарија беше полоша од нас, имаа 10 па и 20 пати помали плати од нашите, и тие сега влегоа во Европска Унија, па дури и не условуваат“, рече Биљали.
