Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 говореше за студијата која ја изработи Фискалниот совет со Фајнанс тинк во која се предупредува дека јавниот долг и дефицитот растат, и дека постои ризик за одржливоста на јавните финансии.

„Трендот покажува дека ние го надминуваме процентот пропишан со фискалните правила од 60%, и доколку сакаме тоа да го споредуваме со цифрите од Германија, Австрија и други земји од ЕУ мораме да ги додадеме и достасаните неизмирени обврски и тоа е, како ќе конвергираме кон ЕУ ние таа методологија и таа статистика ќе мора да ја применуваме“, вели Бишев.

Сепак, како што вели, јавниот долг до крајот на годината би изнесувал 64%.

„Во проценти од БДП согласно новата пресметка, би изнесувал околу 64% без достасани неизмирени обврски, со нив околу 68,5%“, вели Бишев.