Битиќи: Оптимистичката е проекцијата за буџетот 2021 година, иако имаме највисок дефицит

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи во „Click Plus“ на ТВ21 вели дека оптимистичката е проекцијата за буџетот 2021 година, иако имаме највисок дефицит.

„Сметам дека е една оптимистичка проекција со доза на реалност затоа што не е премногу во крајност оптимистичка, затоа што ние годинава очекуваме да ја завршиме со рецесија и пад, но сметаме дека е сосема доволно за добар почеток на следната година. Секако некој ќе каже да историско највисок дефицит, можеби би се согласил ако ја немавме ситуацијата каква што ја имаме во овој момент“, истакна вицепремиерот Битиќи.