Битиќи по изборот за потпретседател на СДСМ: Социјалдемократските вредности ги живеам секој ден

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Актуелниот вицепремиер Фатмир Битиќи преку Фејсбук честиташе на новите колеги за изборот и функциите во СДСМ, а вели дека тој социјалдемократските вредности ги живее секој ден.

„Социјалдемократските вредности ги живеам секој ден. Чест ми е и благодарен сум за довербата од претседателот Зоран Заев, истите, да продолжам да ги ширам и надградувам како потпретседател на најголемата и најпрогресивната партија во земјава #СДСМ“, напиша Битиќи.