Битиќи: Поради белите мантили, денеска имав можност да го направам тоа што секој граѓанин треба да го направи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска по вакцинацијата во СЦ „Борис Трајковски“, истакна дека поради белите мантили тој имал можност денеска да ја заврши својата граѓанска обврска и да се вакцинира против ковид-19.

„Пред неполни шест месеци, на 200 метри од овде, лежев повеќе од 11 дена на работ на мојата егзистенција и заради белите мантили, здравствените работници денеска имав можност да го направам тоа што секој еден граѓанин треба да го направи, а тоа е да се вакцинира“, порача Битиќи.