Битиќи со спротивен став од СДСМ за интерпелацијата на Гаши

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи денеска во изјава за медиумите, а прашан за тоа дали ќе гласа за интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши, кратко истакна дека има спротивен став од партијата.

Битиќи ја нарече шовинистичка и ксенофобична интерпелацијата против Гаши, покрената од Левица.

Вчера од СДСМ излегоа со соопштение во јавноста во кое истакнаа дека тие ќе ја поддржат интерпелацијата и ќе гласаат.

Како што велат, за само два месеци се случиле серија скандали на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ а одоговорност нема за никого. 

По оваа изјава на Битиќи, во Собранието пристигна и претседателот Венко Филипче кој на истото прашање, кратко одговори дека партијата вчера го кажала својот став.