„Сите коалиции нè оставија на половина пат“ – Села во „Клик Плус“: Се подготвуваме да излеземе на избори сами

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Албанската лига, Зијадин Села, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека неговата партија се подготвува самостојно да настапи на следните избори.

Села оцени дека досегашното искуство со коалициите било разочарувачко, нагласувајќи дека „сите коалиции нè оставија на половина пат“.

Тој додаде дека Албанската лига работи на самостоен настап пред гласачите и ќе ја бара поддршката од граѓаните, без да зависи од коалициите.

Меѓу другото, Села истакна дека како политичка партија имаат цел да станат прва политичка сила во албанскиот политички блок.