Битиќи: Во македонската економија се збризгани 17,7 милиони евра, над 276 илјади граѓани користат домашна платежна картичка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Преку бројни мерки и политики СДСМ изминативе три години во континуитет покажа и докажа што значи вистинска грижа за сите граѓани“, рече денеска на прес-конференција Фатмир Битиќи, претседател на економската комисија на СДСМ.

„Се потврди и дека концептот на Социјалдемократскиот сојуз, парите назад кај граѓаните, успешно функционира не само во мирни времиња,туку и во време на најголемата светска здравствена и економска криза.Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ, донесени за помош и поддршка на граѓаните, компаниите, економијата воопшто се покажаа како навремени и вистински.За тоа говорат и бројките, дека преку 276 илјади граѓани веќе добија и користат домашна платежна картичка. При тоа, вкупната вредност на веќе издадените домашни платежни картички до 18.07 e 24,6 милиони евра, од кои веќе се потрошени, односно вбризгани во економијата 17,7 милиони евра преку купување македонски производи и услуги.

Со платежните картички реализирани се над 1,2 милиони трансакции. Поради проширување на листата на граѓани приматели на овие картички, како и позитивен одговор на поднесените приговори, рокот за издавање и достава на домашните платежни картички е продолжен и во текот на оваа недела за граѓаните кои сеуште не ги добиле своите платежни картички“, рече Битиќи.