Протестот во Тирана се премести пред зградата на Владата, каде што ситуацијата ескалираше, а демонстрантите фрлаа камења кон полициските службеници.
До судирите дојде за време на протестот, додека полициските сили беа распоредени пред зградата на Владата со цел да ја контролираат ситуацијата.
Полицијата ги изведе двата водени топови и почна да напредува кон демонстрантите, употребувајќи солзавец за да ги потисне.
Во меѓувреме, се слушнале и истрели од гумени куршуми.
