Вредноста на биткоинот (BTC) денеска во 15:10 часот на најголемата светска платформа за тргување со криптовалути „Бајненс“ падна за 4,58 отсто, на 67.900,62 евра. Падот следува по распродажбата на акциите во технолошкиот сектор, повлекувањето капитал од биткоин ЕТФ-фондовите и масовната ликвидација на позициите на трговците кои се обложувале на раст на цената.
Распродажбата на акциите поврзани со вештачката интелигенција се прелеа и на пазарот на криптовалути, бидејќи инвеститорите сè почесто го третираат биткоинот како ризична актива, чија цена се движи во согласност со акциите на технолошките компании, пренесува „КоинДеск“.
Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 42,86 милијарди евра, што претставува значително зголемување во споредба со претходниот ден.
