Трговците со криптовалути продолжија да ја зголемуваат вредноста на биткоинот, што се зголеми за повеќе од двојно во претходните три месеци.
Криптовалутата биткоин во средата достигна рекордна вредност од 28.917 долари.
Трговците со криптовалути продолжија да ја зголемуваат вредноста на биткоинот, што се зголеми за повеќе од двојно во претходните три месеци и во споредба со претходното намалување, се зголеми за 6,5 проценти, јавуваат светските медиуми.
Вредноста на биткоинот скокна за 300 проценти во 2020 година, а само во претходниот месец, неговата вредност се зголеми за 50 проценти.
