Најмалку 19 тела на загинати мигранти биле извлечени од морето во текот на изминатите два дена во јужниот дел на Тунис, изјави денеска претставник на локална организација за права на мигрантите, откако во текот на викендот потонал чамецот со кој тие патувале.
Телата на загинатите мигранти биле пренесени во болницата во градот Бен Гердан, пренесува „Ројтерс“.
Потонувањето на чамецот со мигранти, во кој, меѓу останатите, се наоѓале и седум членови на исто семејство, предизвикало голем револт, по што во градот во неделата вечерта избиле насилни протести.
