Почнува уписот на Тетовскиот универзитет – над 3 илјади слободни места на 13 факултети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Универзитетот во Тетово го објави конкурсот за запишување нови студенти за академската 2026/2027 година. Оваа година, со успешно завршување на процесот на реакредитација на сите академски единици, ТУ нуди модернизирани програми и нови студиски насоки во рамките на Економскиот факултет и Факултетот за применети науки. Вкупно се достапни над 3100 слободни места за сите студиски насоки.

„Студентите ќе имаат можност да се запишат на 13 факултети, во соодветните студиски програми на овие факултети. Новина оваа академска година е тоа што запишувањата започнуваат по успешно завршениот процес на реакредитација на сите студиски програми и на сите академски единици. Во рамките на нив имавме значителни промени во поголемиот дел од студиските програми, а исто така имаме и неколку нови програми кои ќе бидат во рамките на Економскиот факултет и во рамките на Факултетот за применети науки, односно Финансиска контрола и Царина и шпедиција, кои ќе бидат во рамките на Економскиот факултет, како и Патна инфраструктура и Дизајн на ентериер, кои ќе бидат во рамките на Факултетот за применети науки“, изјави Куштрим Ахмети, Ректор на УТ.