Битолчанец во близина на неговата куќа пронашол граната од Првата Светска Војна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 13.03.2021 во 13,05 часот Г.Л. од Битола пријавил дека во близина на реката до неговата куќа во Битола пронашол стара граната.

Известен бил пиротехничар во ДСЗ-Битола кој по излегување на местото на настанот констатирал дека се работи за стара нееексплодирана граната кал 75 мм која потекнувала од Првата Светска Војна и била безбедно подигната за понатамошна постапка.