Актери даваат поддршка на струмичани кои протестираат бидејќи директорот им е професор по физичко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веќе два месеци струмичките актери протестираат за изборот на Васил Бубев за директор на струмичкиот Центар за култура, бидејќи бил професор по физичка култура.

На светскиот ден на театарот, побараа и оставка од министерката за култура Ирена Стефоска, за која како што велат цели два месеци не реагирала за изборот на директорот, туку се обидувала да го оправда решението кое е донесено, и додаваат дека тоа не оди во прилог на културата и струмичкиот театар.

Денес дел од ансамблот при Народниот театар во Битола, преку објава на Фејзбук, ги подрржаа колегите од Струмица.

Актерот Никола Пројчевски на својот профил напиша:

„Односот кон „НУЦК“ Антон Панов“ – Струмица е веројатно односот кон останатите… СТРУМИЧКИОТ ТЕАТАР ја има нашата ПОДДРШКА! Култура или Фис-култура? Ние избираме- КУЛТУРА!“

Министерството за култура остана на ставот дека единствено Васил Бубев ги исполнил правно формалните услови по распишаниот конкурс за директор на НУЦК „Антон Панов“.