Трет ден се блокирани некои од главните крстосници во Скопје поради протестот на приватните превозници. По три дена молк, конечно некој од Град Скопје излезе да проговори за ова прашање. Секретарот на Град Скопје Горан Глигоров упати апел до МВР да преземе мерки согласно надлежностите, бидејќи поради приватен интерес им се нанесува штета на градот и граѓаните. Но Глигоров откако го прочита напишаното, избега, не сакајќи да им одговори на новинарите.
Од друга страна, директорот на Слобода Превоз, Ленин Јовановски денеска рече дека се повлекува од организирањето протести бидејќи вели дека неговото име се користи за политички игри.
Јовановски најави дека протестот ќе продолжи и следниве денови.
