„Блокирај ја омразата, сподели љубов!“ – говорот на омраза најостар на социјалните мрежи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со овој мурал на кој беше испишано – сподели љубов, учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ испратија порака за спречување на говорот на омраза како појава. Александар Каратошо, млад европски амбасадор од заедницата „We Balkans” вели дека говорот на омраза е многу присутен во Македонија, но најизразен и најагресивен е на социјалните мрежи.

-Социјалните мрежи се голем извор на говор на омраза. Таму луѓето се чувствуваат покомотно, бидејќи се зад екранот и се чувствуваат удобно да пишуваат сѐ. Нормално да беа очи в очи немаше да го кажат истото. Удобноста им дозволува да бидат поагресивни и повеќе да шират говор на омраза, што вообичаено не би го направиле. Социјалните мрежи се многу важен дел во овој процес-рече Каратошо.

И Огнен Јаневски, ангажиран како амбасадор за спречување на говорот на омраза, смета дека најголемите напади и омразата се случуваат  на онлајн платформите, а мета на ваквите негативни појави најчесто се жените.

Според актерот, Бесфорт Идризи, најважно е првин да го препознаеме говорот на омраза со цел да го спречиме и санкционираме, со цел да не потпаднеме под негово влијание. 

Активноста беше реализирана во рамките на кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ како дел од програмата на ЕУ и Советот на Европа.