Блокиран патниот правец Прилеп – Кавадарци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патниот правец Прилеп – Кавадарци, после планинскиот премин Плетвар, е блокиран.

Сообраќајот се одвива со повремени прекини поради
силен ветер и снег на коловозот.

Од Македонија пат истакнуваат дека нивните екипи постајано се на терен и го расчиистуваат патот.

Нервозни возачи испратија фотографии до нашата редакција. Велат дека се заглавени кај селото Тројаци околу 2 часа, а засега никој не им кажувал кога ќе се пушти патот. Бараат иитна реакција на надлежните институции.