Блокирани тротоари и недостиг на рампи: Секојдневните предизвици на лицата со попреченост во Чаир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е само еден од предизвиците со кои се соочува Ертан, кој се движи по улиците на Чаир со помош на електрична количка.

„Имам желба еднаш засекогаш да се средат условите за лицата со посебни потреби, бидејќи сам сум во оваа ситуација, во оваа мака, и никој не може подобро од мене да знае за оваа категорија луѓе, бидејќи целиот живот сум се соочувал со електрична количка“, вели Ертан Шакири, претседател на Здружението „SOS VITA“.

Голем проблем се тротоарите блокирани од паркирани возила и недостигот на соодветна инфраструктура. Не сите институции се достапни за лицата со попреченост, објаснува Ертан. Овие физички пречки ја ограничуваат нивната подвижност и ја загрозуваат нивната безбедност.

Ертан Шакири: Тешко е малку…

Прашање: Сега треба да се движиш по улици?

Ертан Шакири: Да, секој ден, секоја година, тоа се истите теми за лицата со посебни потреби.

Ертан, како претседател на здружението „SOS Vita“, бара од Општина Чаир да преземе конкретни мерки за подобрување на патната инфраструктура и обезбедување еднаков пристап за сите граѓани, изградба на рампи според меѓународни стандарди, одржување на тротоарите, отстранување на физичките пречки и поставување соодветна сигнализација.

„Му реков на градоначалникот да има похумано срце за оваа категорија граѓани и да им помогне на овие лица во Чаир“, вели Ертан Шакири, претседател на Здружението „SOS VITA“.

Од Општина Чаир велат дека повеќето улици се под надлежност на Град Скопје и дека постојано се обидуваат да го подобрат пристапот за лицата со попреченост.

Многу барања упативме до Секторот за просторно планирање и Секторот за сообраќај при Град Скопје, каде беше побаран конкретен пристап кон создавање услови за движење на лицата со посебни потреби и генерално за сообраќајот, но, за жал, од претходното раководство немавме соодветна посветеност за решавање на овие прашања. Се надеваме дека со новото раководство ќе имаме поблиска соработка и нашите барања ќе бидат вклучени во Програмите на Град Скопје за 2026 година, велат од Општина Чаир.

Покрај тоа, здружението „SOS Vita“ бара и финансиска помош од јавните институции, бидејќи, како што велат, под нивна капа се над 400 лица и не можат да се справат само со сопствени средства.